Кога Шварценегер ќе каже “I’ll be back!”, обично и така е

14 мај, 20200
1589469602018-svarceneger-predator-815x458

Познат по својата реплика “I’ll be back!”, Арнолд Швајценегер има навика да им е враќа на своите култни ликови од филмското платно. Откако минатата година се појави во последното продолжение на „Терминатор“, роботот кој го глумеше во 90-тите овој пат се врати во улогата на Дач, главниот лик од филмот „Предатор“.

Набрзо во продажба ќе се најде продолжението од играта “Predator: Hunting Grounds”, во која Арнолд и се враќа на едната од улогите кои го прославија. Ова вест ја потврди и самиот актер откако на својот профил на Twitter објави слика од играта.

  • Ова е фантастично враќање. Добро се забавував додека работевме на играта и на синхронизацијата на Дач. Се надевам дека и вие ќе уживате во неа играјќи го ликот на Дач.

Дач во играта е предводник на паравоена единица која некаде во Централна Америка пробува да ги спаси заложниците од рацете на локалната герила во моментот кога почнува да ги гони „предаторот“ – многу способен и технолошки надмоќен ловец со садистички карактер.

Играчот ќе може да одбере дали да игра со еден од ликовите на единицата на Дач чија цел е ослободување на заложниците или да игра со Предаторот чија мисија е да ги елиминира сие свои мети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi