Кои се и што прават потомците на големите диктатори како Хитлер, Сталин, Мусилини …

22 мај, 20200
hqdefault-11

Дали некогаш сте се запрашале кои се и што прават наследниците на едни од најголемите историски личности како Наполеон Бонапарта, Кристофер Колумбо, Јосиф Сталин или Адолф Хитлер. Погледнете ги нивните приказни.

Правнуците на Хитлер се горди Американци

Потомците на Адолф Хитлер од татковата страна моментално живеат на Лонг Ајленд во Њу Јорк, а се работи за прави патриоти. Нивниот татко, Вилиам Патрик Хитлер, бил син на Алоис, полубратот на Хитлер, со кој имале заеднички татко. Вилијам се преселил во Америка во 1939 година, а за време на Втората Светска Војна тој и се приклучил на амерканската морнарица, а има и медал Пурпурно Срце. По војната тој го променил своето име и добил 4 сина од кои тројаца се уште живеат на Лонг Ајленд и ретко зборуваат со новинари.

Внуката на Бенито Мусолини е политичка активиста и модел за Playboy

Минатата година во април во Washington Post се појавил чланок под насловот: „Александра Мусолини, внуката на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини се скарала со актерот Џим Кери, познат по улогите во Ејс Вентура, како и Глуп и поглуп. Ова не е првоаприлска шега“.

За разлика од наследниците на Хитлер, Александра Мусолини нема проблем со вниманието од јавноста или да ги брани своите корени. Всушност затоа била и караницата со Кери кој го навредил нејзиниот дедо на Twitter. Таа уште во 1992 година се приклучила на една италијанска неофашистичка партија, освен што го привлекува вниманието со своите ултрадесничарсти ставови, таа се има фотографирано и за Playboy, глумела во неколку италијански филмови, а има издадено и музички поп албум во Јапонија.

Прапрапра….правнукот на Кристофер Колумбо е амирал

Љубовта према морето очигледно сеуште тече низ вените на фамилијата на Кристофер Колумбо па така неговиот потомок Cristóbala Colóna de Carvajala y Gorosábela се приклучил на шпанската кралска морнарица, пловел по светот, а како помлад имал и сопствен брод. На сето тоа плус ја има задржано церемонијалната титула која на фамилијата им припаѓа со генерации. Технички тој сеуште е адмирал, воено лице, градоначаник, 18-ти војвода на Верагуе (името за 5 шпански колонии во Централна Америка) и 16 Меркиз на Јамајка, но за BBC изјавил дека овие титули денес повќе се колку да се оддаде почит отколку официјални).. Но во 1992 година неговата посета на САД предизвикала бес кај американските Индијанци на кои не им се допаѓало што бил почесен гостин на парада во Пасадена.

Внуката на Сталин е панкерка и будиста

Единствената ќерка на Сталин, Светлана Алилујева во 1967 година го пострамотила Советсксиот Сојуз откако пребегала во Америка. Нејзината ќерка Олга Петерс или позната како Чриз Еванс, денес се декларира како Американка. Според последните информации таа живее во Орегон, посветена е на будизмоти работи во антикварница. Таа има тетоважи и сака панк – рок, а на некои фотографии се сликала со автоматско оружје. New York Post за неа има напишано: „Сталиновата внука е права Американка.“

Потомокот на Наполеон се оженил со прапраправнуката на втората жена на Наполеон

Наполеон Бонапарта и пишувал срцепарателни писма на својата прва сопруга („Се надевам дека набрзо силно ќе те гушнам и ќе те опсипам со милион врели бакнежи, подоле од екваторот“), а се чини дека го практиккувале и неговите наседници. Jean-Christophe Louis Ferdinand Albéric Napoléon кој е инвестициски банкар и прапрапраправнук на Наполеон во 2019 година се оженил со австриската грофица Olympijа von und zu Arco-Zinneberg која пак е прапраправнука на вторатаНаполеонова жена, надвојвотката Мариа – Луис од Австија.Неговата љувоб тој ја опишал вака Скога ја запознав Олимпија, потонав во нејзините очи, а не во нејзинотот фдмаилијарно дрво“. Можеби не е мајстор која Бонапарта но се пак поезијата и ласкањето им е во крвта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *