Кои се причините за помалиот број на починати од корона вирус во Африка за разлика од Европа ?

24 мај, 20200
virus-korona-virus

Дали се работи поради разликата на климата или поради тоа што вирусот мутирал но пандемијата не го погоди африканскиот континент со иста јачина како Европа, шро е од големо значение знаејќи дека нивниот здраствен систем е во многу лоша состојба.

Меѓутоа она што го приметиле во СЗО е дека вирусот SARS-CoV-2 сосема поинаку се „однесува“ во Африка во однос на останатите делови од светот.

До вчера борјот на заразени изнесувал преку 100 000 луѓе но со многу низок процент на смртност, што е различно во однос н а најпогодените земји како САД, Италија, Шпанија и Англија. Која е причината за ова?

Од 1,3 милијарди луѓе колку што живеат на африканскиот континент, според последните статистички податоци, бројката на починати е 3 100 лица. Вирусот е откриен пред 14 недели и за тоа време 41 473 лица се опоравиле од вирусот. Само за споредба во Европа се забележаа 4 900 смртни случаи кога бројот на заразени изнесуваше 100 000 лица. Вирусот го нема истиот растечки процент како во другите земји иако се очекуваше бројот на смртни случаи во Африка да биде далеку поголем пред се поради и онака лошата економија на континентот како и поради лошите здраствени услови.

„Ова може да е резултат на демографијата како и на некои други фактори“ – тврдат од СЗО. Како за споредба просечната старост во Европа е 42 години, додека во Африка е 18 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *