Кој нема јазик на свекрва во домот, не знае што пропушта: ова растение ќе ве изненади со неговата корисност!

18 мај, 2020
цвеќе

Јазик на свекрва (Sansevieria trifasciata) е најпознатата билка од родот Sansevieria, а има преку 70 подвидови. Често се чува како собна билка заради својата убавина, отпорност, но и зашто е корисна бидејќи го прочистува воздухот.

Лесна е за одгледување, ги поднесува речиси сите услови и не бара некоја посебна нега- со други зборови- речиси е неуништлива. Веројатно затоа го добила и името…

Може да порасне и до 90 цм, а можете да ја посадите и во двор бидејќи е зимзелено растение. Нејзините листови се зелени, долги остри во врвовите. Сите подвидови изгледаат многу декоративно иако меѓусебно многу се разликуваат.

Ова растение ретко цвета, но може и тоа да се случи доколку условите се поволни. Цветовите се со бела и крем боја, многу убави и со пријатен мирис.

Според правилата на Фенг шуи Јазикот на свекрвата треба да го позиционирате да биде близу до влезот во просторијата, за да можат доблестите да циркулираат во просторијата.

NASA во своите истражувања открила дека ова растеније екстремно добро го прочистува воздухот, па тоа е уште една причина да го имате во домот.

Идеални услови за одгледување се температура помеѓу 12 и 30 степени, не и пречи ни помалку ни повеќе светлина и потребно и е умерено полевање (не пречесто и преобилно). Причини заради кои ова растение може да овене се претерано полевање и екстремно студени услови.