Која е Никола Пелц, свршеницата на најстариот син на Дејвид Бекам, и која е нејзината врска со Доналд Трамп

14 јули, 20200
Annotation 2020-07-14 181817

Многу славни личности му упатија честитки на најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам, откако со прстен вреден повеќе од 150 000 долари ја запроси својата девојка Никола Пелц, богатата наследничка на семејството Пелц.

Викторија и Дејвид Бекам не можеа да ја скријат среќата откако конечно можеа и јавно да му честитаат на својот син Бруклин и на Никола. Врската која започна во октомври 2019та година, во јануари стана јавна, да во март почнат заедно да живеат во Њу Јорк, сега е одбележана со свршенички прстен вреден повеќе од 150 000 долари. А според најавите, венчавката би требала да се одржи идното лето и тоа по една на двете страни од Атлантикот.

tportal

‘Давид и Викторија се пресреќни. Свесни се дека конечно ја најде девојка која не е со него поради славата и парите. Сеуште е прерано за да се каже датумот, но најверојатно венчавката ќе се одржи кон крајот на следното лето или почетокот на есента’, откри извор близок на Бекамови.  

Среќата не ја крие ни американскиот милијардер, таткото на Никола Пелц, кој кога станува збор за неговите деца не штеди. На Бар Мицва организиран во 2016та година, за своите синови близнаци, потрошил околу милион долари, па сигурно нема да внимава колку ќе троши за денот од соништата на својата миленичка.

Но, која е навистина идната госпоѓа Бекам и колку вистина има во прикасната дека во друштвото, а и пошироко е позната како ‘злобна девојка’, како и дека нејзиниот татко е добар пријател со Доналд Трамп, како и покојниот педофил Џефри Епстеин.  

25-годишната Никола Пелц е најмладата од осумте деца, од тоа шест синови и две ќерки на американскиот милионер Нелсон Пелц. Во интервјуата кои до сега ги давала, секогаш истакнуваше дека во детството била машкобањаста и сонувала да стане професионална играчка на хокеј. Но, тие сонови ги заборавила, кога на 12 години се запишала на часови по глума.

https://www.pinterest.com/pin/265853184232398421/

‘Мислам дека мојот татко беше уверен дека ќе бидам во женската хокеј лига, но се заљубив во глумата и ја замолив мама да ме пушти да глумам’, рече Никола, која имаше улога како 13-годишничка во поп видео на Мајли Сајрус. Но, најпозната е по улогата во ‘Transformers’, а се појави и во телевизиската серија ‘Inhumans’.

Повеќе од кариерата, јавноста ја забавуваше со своите добри љубовни избори. Во 2016та година беше во врска со Џастин Бибер, кој беше маѓепсан од неа. Но, врската не потраја долго, а веќе следната година беше со сегашниот дечко на Дуа Липа, братот на Бела и Џиџи Хадид, Анвар Хадид. Заедно поминаа една година, а откако е снимен како се бакнува со Кендал Џенер, љубоморната Никола Пелц го отследила од инстаграм целото негово семејство.

Прекарот “Холивудката злобна девојка” го добила откако во едно интервју во 2015 година, ја споменала Бела Трон, која за Никола изјавила: “Таа е во работата и многу е злобна. Се трудам да бидам подалеку од неа, дури не ја ни поздравувам. Нејзините браќа и сестри не се злобни како неа. Само таа е таква. Една од причините зошто не ја сакам е тоа што таа израсна во богатство и никогаш не мораше да работи.

Nicola Peltz, Brooklyn Beckham

Со Бруклин Бекам се запозна преку заедничката пријателка Софија Ричи, посвоната ќерка на Лионел Ричи, а врската ја започнаа во октомври 2019, а откако излегоа прв пат, официјално во Лос Анџелес во јануари, заедно отидоа на париската модна недела оваа пролет каде Бруклин ја нарече “Љубовта на мојот живот”.

Неговиот љубовен избор им се допадна и на родителите, посебно на некогашната пејачка и денешна модна дизајнерка Викторија Бекам. Тоа се виде на 21-от роденден на Бруклин Бекам овој март во Котсволд, каде Викторија со својата идна снаа го испеаа хитот на Глорија Гејнор “I Will Survive”. Викторија наводно и е многу благодарна на младата Никола бидејќи го “смирила” нејзиниот син, кој беше на добар пат да створи лоша репутација поради костантното менување на девојки.

Nicola Peltz

Таткото на Никола Пелц се занимава со инвестиции, а неговото богатство се проценува на 1,3 милијарди фунти, па за него семејството Бекам со богатството вредно 370 милиони фунти се “мали риби”. Нелсон Пелц има и два привтни авиони, своето богатство сам го стекнал, а новодно има и репутација на тврдоглав човек кој не се откажува од тоа шти го замислил. Откако во 1962 година се откажал од факултетот, своето богатство почнал да го гради продавајќи смрзната храна во Бруклин, за на крај да стане најголем дистрибутер на смрзната храна на североистокот. За него кажуваат дека е “човек од улица и добро знае што сака народот”.77 годишниот Пелц е бизнисмен и инвеститор седи на извршен одбор на некои од најголемите американски маркетинг компании, партнер е во компанијата Wendy’s Company специјализирана за fast food прехрана, а исто така е и акционер на повеќе големи компании како Legg Mason, Procter & Gamble, Sysco и The Madison Square Garden Company.

Тие се еврејско семејство која припаѓа во многу момоќни кругови околу САД, а колку се важни говори нивната организирана вечера која се одржа неодамна во Флорида на која присуствуваше и Доналд Трамп,

Но, тоа не е се. Наводно неговиот телефонски број најден е меѓу илјадници во црната листа на Џефриј Епстен, а се зборува дека бил еден од многуте инвеститори кои сакале од него да го купат New York Magazine.

Nicola Peltz

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi