КОЈА Е ПОДОБРА? Џеј Ло е љубоморна на новата девојка на нејзиниот поранешен сопруг

27 октомври, 2020
profimedia-0039821669

Постојано ги прашува своите пријателки која од нив две е поубава

Тогаш кога сите помислија дека е недостижна и нема среќа во љубовта, во 2003 година, 51-годишната Џенифер се сретна со 1 година постариот музичар Марк Ентони и тогаш започна најголемата љубовна приказна во нејзиниот живот. Страсната врска двојката ја круниса со брак во 2004 година, само неколку дена откако Ентони се разведе од поранешната сопруга Дајанаре Торес. Многумина беа во шок, но Џенифер и Марк изгледаа целосно заљубени. Венчавката се одржа во нивната вила во Беверли Хилс пред само 40 избрани гости, а нивниот брак во кој добија близнаци – Максимилијан и Ема траеше цели десет години.

Но, и покрај тоа што Марк и Џенифер се разведоа поради работа, но и поради децата, тие останаа во многу добри односи. Но, неодамна, врската одеднаш се олади кога 50-годишниот Марк повторно се вљуби во 44-годишната ријалити sвезда Евелин Лозада, што ја доведе Џеј Ло до љубомора. „Таа е избезумена затоа што е свесна колку е убава Евелин. Американските медиуми пишуваат дека Џенифер не ѝ е ни до колена и затоа е очајна. Постојано ги прашува своите пријателки која од нив две е поубава“, вели близок извор на латино дивата.

Марк и Евелин се запознаа пред три месеци и оттогаш се дружат. Тој наводно веќе ги запознал нејзините две деца и сите одлично се сложуваат. „Марк е фасциниран од новата девојка. Тој не сака да биде одделен од неа. Тој веќе неколку пати изјави дека е посреќен од кога било ’, откри неименуван извор за „Daily Mail“.

escort - Korsan taksi