Која најмоќна сила , појака од среќата и сите пари на светот го направи Ричард Гир еден од најуспешните актери на светот?!

4 август, 2020
гир

Холивудскиот актер Ричард Гир на еден форум во Москва зборувал дека тајната на неговиот успех не е во егоизмот, потребата за слава и пари, туку во нешто многу повеќе и многу повозвишено.

“Ако вашата кариера е насочена кон тоа да станете совршени, да станете икона- бидете сигурни дека нема да успеете. За да остварите голем успех, не е важно да правите работи само за себе, туку и за Универзумот.

“Љубезноста и добрината се главни двигатели на успехот. Во однос на добрината, парите и моќта се многу ситни работи. Добрината и љубовта се најмоќните сили на Универзумот.”

Актерот додал: ” Мислам дека сите мораме прво да дознаеме кои сме навистина. Што е нашиот Универзум и како сме меѓусебно поврзани со сите на светот.”

Ричард Гир веќе со години е следбеник на будизмот, а негов ментор е Далај Лама кого го запознал на патување во Непал.

Ја основал фондацијата “Gere” чија функција е зачувување на тибетанската култура и помош при изградба на будистички храмови на југот на Индија.