Конечно е откриено на кого Џенифер Анистон му ја има посветено тетоважата!

3 јули, 20200
џенифер

Џенифер Анистон, дури и на 52-годишна возраст, многумина се согласуваат, дека е една од најубавите, но и најпопуларните жени во светот. Не е изненадувачки што јавноста го следи секој нејзин чекор под „будното око“, но и деталите на нејзиното тело. Многумина ја забележаа нејзината тетоважа на подлактицата – 11 11. Иако таа никогаш не зборуваше за ова јавно, сега конечно е откриено што значат овие бројки, но и на кого  е посветена тетоважата, пишува The Sun.

Иако Џенифер ја направи тетоважата уште во 2018 година, досега се шпекулираше само што би можела да значи. Сепак, тајната конечно беше откриена за медиумите од извор близок на актерката. Имено, првиот број „11“ се однесува на – датумот на раѓање на актерката. „Џенифер е родена на 11 февруари 1969 година, а првиот број се однесува на нејзиниот роденден“, открива изворот, додавајќи дека вториот број е посветен на нејзиното починато куче.

‘Вториот број “11” е во чест на Норман, нејзиниот корги-териер кој почина во 2011 година, кога имаше 15 години. Норман и недостасува секој ден, тој беше љубов на нејзиниот живот ’, откри истиот извор и додаде дека Норман бил голем дел од бракот со 56-годишниот Бред Пит, но и нејзината најголема утеха по болниот развод, односно неверството на Бред со Анџелина Џоли. Таа посвети уште една тетоважа со името на Норман, на нејзината нога.

Да ве потсетиме, парот беше во брак од 2000 до 2005 година кога нивната љубов пропадна, поради Анџелина Џоли, кого актерот ја запозна во сетот на филмот г. и г-ѓа Смит. Сепак, двојката е во добри односи, па американските таблоиди со месеци пишуваат дека Џенифер и Бред се повторно заедно. Наводно, овие информации требало да бидат објавени на доделувањето на Златните глобуси, но тоа не се случи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi