Копија една на друга – двојничка на Џенифер Анистон е хит на Инстаграм!

16 јули, 20200
jen

Актерката Џенифер Анистон важи за една од најубавите актерки поради нејзината автентичност и шарм. Сепак, сега е откриена нејзината двојничка, американката Кејтлин, која стана хит на социјалните мрежи поради нејзината неверојатна сличност со актерката.

Имено, Кејтлин го води профилот “The Kindred Ginger” на Инстаграм, каде често објавува фотографии на кои е многу слична на Џенифер.

Се започна кога нејзината фризерка објави фотографија за да ја покаже новата фризура на Кејтлин, но нејзината брановидна коса не беше многу забележана, луѓето само забележаа дека таа премногу личи на ѕвездата од серијата „Пријатели“.

Корисниците на социјалните медиуми не престануваат да коментираат за Кејтлин, и се шпекулира дека таа е дури и е роднина на Џенифер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *