КОРОНАВИРУСОТ ПОВТОРНО МУ СЕ ЗАКАНУВА НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО?! Снаата на кралицата Елизабета заврши во самоизолација

10 октомври, 2020
Screenshot-616x450

Епидемијата на коронавирусот не стивнува, а ситуацијата е особено тешка во Велика Британија, каде се шпекулира дека наскоро може да бидат преземени построги мерки.

Вчера во медиумите се појави веста дека коронавирусот повторно му се заканува на кралското семејство.

Софи Војвотката од Весекс, сопругата на принцот Едвард, најмладиот син на кралицата Елизабета, заврши во самоизолација откако беше во контакт со личност која е позитивна на Ковид-19

Снаата на кралицата (55) нема никакви симптоми, пренесува „Global news“. Портпарол на кралското семејство изјави дека Софи не била во контакт со ниту еден чен од потесното кралско семејство после тоа.

Патем, ова не е прв случај на ковид-19 во кралското семејство. Во март, принцот Чарлс беше исто така позитивен. Чарлс подоцна изјави дека е среќен што има само благи симптоми и дека откако го прележа вирусот, неговото здравје е добро.