Кортни Кардашијан сака ЖЕНИ? Мајката на три деца ја збуни јавноста!

16 септември, 2020
кортни

Кортни Кардашијан, најстарата од сестрите на кланот Кардашијан-Џенер, крена прашина на социјалните мрежи со својата најнова фотографија.

 Според одредени американски медиуми, постои сомневање дека 41-годишна „излегла од плакарот“ како геј. Овие шпекулации започнаа по описот под фотографиите посветени на Стефани Шепард. Имено, таа и се обрати како „жена“, што изненади многумина.

Сепак, се чини дека станува збор само за долгогодишно пријателство и подлабоко значење зад зборот „жена“. Во оваа прилика, ријалити sвездата сакаше да им соопшти на своите пријатели колку и значи.

На фотографиите и двајцата лежат на тревата во костуми за капење и гордо ги покажуваат своите завидни фигури.

Патем, Кортни никогаш јавно не зборувала за својата сексуалност, токму од причина што целиот нејзин живот го следеле неколку милиони луѓе во текот на изминатата деценија преку шоуто „Keeping up With the Kardashians“, кое ќе заврши догодина. Во неколку сезони се следеше нејзината драматична љубовна врска со Скот Дисик, со кого има три деца, десетгодишниот Мејсон, осумгодишната Пенелопе и петгодишното детенце Рејган.

Иако двојката повеќе не е заедно, тие се уште се во добри односи, а најновото видео од гореспоменатото шоу навестува дека размислуваат за четврто дете.

escort - Korsan taksi