КОВИД-19 ОДЕДНАШ ИСЧЕЗНА, БАШ СРЕЌЕН КРАЈ-Кија Коцкар се огласи поради отворањето на границите!

22 мај, 2020
киа

Кристина Кија Коцкар на својот профил на Инстаграм искоментира дека Србија ги отвори своите граници и им дозволи на сите да влагаат и да ја напуштаат земјата без негативен тест за корона или изолација.

Пејачката беше изненадена затоа што сè одеднаш се врати во претходната нормална состојба, како што беше пред пандемијата на корона вирус.

– Океј, сега сè се отвора во градот, дури и границите … Како ништо досега да не се случило … Колку што знам, не беше измислен никаков лек за „Ковид-19“ … аха, тој одеднаш исчезна …  Баш убав среќен крај, како во филмовите – напиша таа на нејзиното Instagram story.