Крај на љубовта на актерскиот пар – Бил Хадер и Рејчел Билсон не се веќе заедно!

13 јули, 20200
lj

Билсон и Хадер сè уште го немаат објавено нивното раскинување, но како што дознава списанието „People“ од повеќе извори, парот раскинал во добри односи.

Гласините за нивната романса започнаа во декември кога беа забележани заедно во родниот град на Хадер, Тулса, Оклахома.

Двојката беше видена заедно на кафе и на дружби со членовите на семејството Хадер, а хемијата помеѓу нив беше многу видлива.

Врската беше јавно потврдена на 4 јануари на доделувањето на наградите Златен глобус, а во таа прилика тие одеа држејќи се за рацете на црвениот тепих.

„Тие поминуваат многу време заедно и врската се чини дека е сериозна“, изјави изворот што ги виде за Денот на вљубените во Л.А. за списанието „People“.

Тој додаде дека Билсон не престанува да се смее во друштво на Хадер и дека ѕвездата на серијата „Berry“ е многу љубезен кон неговата нова девојка.

Bill Hader i Rachel Bilson

Актерите се сретнаа додека го снимаа „The Тo Do List“ во 2013 година.

Бил Хадер (42) има три ќерки, Хана, 10, Харпер, 7 и Хејли, 5, со поранешната сопруга Меги Кери, додека Рејчел Билсон (38) од 10-годишна врска со актерот Хајден Кристенсен, има петгодишна ќерка, Бјар Роуз.

Актерката која стана позната од серијата „О.Ц.“ и „Јужно срце“, во претходното интервју изјави дека никогаш не ја запознала нејзината ќерка со момците со кои излегувала, сè додека не била сигурна дека станува збор за сериозна врска.

„Ќерка ми ми е најважна работа во светот и за мене е важно да и значи и на личноста со која ќе бидам во врска. Во спротивно, не треба да бидеме во врска “, рече актерката јасно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi