„КРЕНА ПРАШИНА“ проговори актерот со кого Меган наводно имала афера

1 ноември, 2020
profimedia-0299161023

Ја раскажа својата страна на приказната

Британскиот пејач, текстописец и актер, познат и како поранешен член на The Wanted, 32-годишниот Макс Џорџ, реши да го прекине молкот и конечно да зборува за наводната афера што ја имаше со поранешната актерка, 39-годишната војвотка од Сасекс, Меган Маркл. Имено, иако тој во моментов е во среќна врска со реалити sвездата Стејси Гигс, минатата година во медиумите започнаа да кружат информации дека Макс и Меган имале афера откако сопругата на принцот Хари се развела со нејзиниот прв сопруг, филмскиот продуцент Тревор Енгелсон. За да се стави крај на гласините, 32-годишникот сега ја раскажа својата страна на приказната.

„Не знам од каде тоа. Читав нешто за време на викендот, но исто така прочитав дека таа барала Англичанец. Не знам зошто ѝ го прават ова сега. Немаше ништо од моја страна“, рече поранешниот член на „The Wanted“ за време на гостувањето во утринската програма со Филип Шофилд и Холи Вилоуби. Исто така, Макс ги негираше гласините дека Меган му испраќала пораки во периодот кога барала англиско момче.

За потсетување, Меган го раскина првиот брак со филмски продуцент во 2013 година, по две години заеднички живот. Поранешната актерка во тоа време, наводно, по секоја цена сакала да има Британец за нејзино следно момче, па на крајот, преку заеднички пријатели, заминала на состанок со три години помладиот британски принц Хари. Двојката наскоро и официјално ја потврди својата врска, а во 2018 година го крунисаа својот брак. Во мај минатата година се роди нивното прво дете, синот Арчи Харисон, со кого живеат во Америка од јануари оваа година.

escort - Korsan taksi