Криела сè до породувањето: Голема тајна на принцезата Дијана го разбесни принцот Чарлс!

18 декември, 2020
profimedia-0210131315_1000x0

Принцезата Дијана погина пред повеќе од 20 години, но интересот на медиумите, кога станува збор за нејзиниот живот, не стивнува.

Според „Daily Мirror“, за време на нејзината втора бременост, таа криела од својот сопруг дека носи момче.

Принцот, наводно многу сакал да има девојче, па Дијана не му кажувала дека сепак, ќе добие уште еден син. Чарлс сакал да има две деца, момче и девојче и поради тоа, Дијана одлучила да не му соопшти дека повторно носи момче, иако тоа го видела на ултразвукот. Чарлс бил многу разочаран кога се родил Хари и воопшто не го криел разочарувањето, вели кралскиот биограф, Ендру Мортон.

Наводно, Чарлс бил разочаран и од фактот дека бебето има црвена коса, a се наведува и дека ѝ се пожалил на мајката на Дијана, на денот кога е крстен Хари, дека очајно сакал да има девојче.

escort - Korsan taksi