Крис Џенер – се збогати преку сплетки, а животите на своите деца ги контролира како монструм!

25 јули, 20200
1

Потребни беа години за некој од внатрешниот круг на семејството Кардашијан да зборува за Крис Џенер (64), жена која создаде деловна империја од 40 милијарди американски долари со помош на скандалите на сопственото семејство. Деновиве скандал направи и Канје Вест, кој е во брак со Ким Кардашијан од 2014 година.Тој ја обвини својата свекрва дека расно се однесува кон него, ја спореди со севернокорејскиот диктатор Ким Јог Ун и на социјалните мрежи објави дека постојано го контролира нивниот брак и дека тој бара развод. Неговите постови се појавија во време кога неговиот проблем со биполарно растројство беше во кулминација, па пораките на Канје наскоро исчезнаа од социјалните медиуми, а Ким објави дека нејзиниот сопруг со години се бори со тешка болест и дека тој е прекрасен,но многу комплициран човек на кој му треба помош.

www.khloekardashian/celebuzz.com

Така тој го сврте вниманието на јавноста кон Крис Џенер, за која некои велат дека е исклучително способна деловна жена, а други дека е монструм кој ги уништува животите на сопствените деца само за да собере богатство со продажба на семејни тајни. Нејзиното вистинско име е Кристен Хоутон, а таа се венча со 11 години постариот адвокат Роберт Кардашијан во 1978.

PA/Pixsell

Во бракот, кој траеше до 1991 година, се родија Кортни(1979 година), Ким(1980 година) и Клое (1984 година), а потоа во 1987 година имаа син, Роб. По разводот, Крис се омажи пак во истата година. Новиот сопруг беше Брус Џенер, некогаш олимписки шампион во декатлон. Со него имаше уште две деца. Кендал Џенер е родена во 1995 година, а Кајли во 1997 година.

По започнувањето на реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ во 2007 година, таа ги прослави сите членови на своето семејство. Во исто време, медиумите почнаа да пишуваат за нејзината немилосрдност дури и кон нејзините сопствени деца и сопругот. Уште во 2015 година, беше напишано дека Крис ги контролира Ким и Канје Вест и управува со нивните животи за да може да заработи од нив колку што е можно повеќе. Откако се омажи за Канје, Ким се обиде да го избегне теророт на нејзината мајка. Таа дури и отворено ја нападна мајка и еднаш во ријалити шоуто:


„Во ред е да носи иста облека како мене, но кога таа се обидува да ми го украде стилот и имиџот, па дури и мојот животен стил, тоа веќе е претерано“, рече лутата Ким, која откако се омажи за Канје се обиде да го оддалечи фокусот на јавноста кон неа.Брус Џенер, наводно, бил среќно оженет со Крис, и во тој период таа почнала да ја гради својата деловна империја.

– Таа започна да го исмејува и да го понижува. Поради нејзиното однесување, тој на крајот го смени полот – велат инсајдерите. Неговите синови од неговиот прв брак исто така открија дека ја мразат својата маќеа и се обидуваа да го одвојат таткото од неа.

Screenshot

Броди Џенер побарал од Крис да го носи презимето Кардашијан затоа што никој од неговото семејство не сакал да има никаква врска со неа.

„Таа имаше големо влијание врз нашиот татко дури и по разводот“, рече синот од првиот брак на Брус. Медиумите откриваат уште една ужасна семејна тајна. Крис се срами од својот син Роб Кардашијан поради неговата дебелина, пишуваат таблоидите.

– “Неговата мајка го третира како најголем срам во семејството, а Роб го потврди ова кога плачеше за време на интервјуто и рече дека Крис се грижи само за неговите сестри, а нему воопшто не му обрнува внимание.”

Таа ја дозволи врската на малолетната Кајли со 25-годишниот проблематичен рапер Тајга, па дури им дозволи да живеат во Европа иако остатокот од семејството беше против тоа. Единствената што успеа да се оддели од канџите на нејзината мајка беше Кендал која успеа сама во светот на манекенството. Како што се испостави – Кендал е посклона кон нејзиниот татко Брус, кој по промената на полот го смени името во Кејтлин Џенер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi