Криси Тајген нападна момче кое ја критикуваше Меган Маркл: „Г**но едно!“

26 ноември, 2020
44c113dd-51fb-465f-a517-43a56d4df088

Моделот Криси Тајген скокна да ја брани Меган Маркл откако беше нападната од тролови за опишување на спонтаниот абортус што го доживеа ова лето во есеј за New York Post.

Со оглед на тоа дека Криси (34) самата го изгуби синот Џек, кој е роден предвреме и не преживеа, пред неколку месеци, јасно е дека разбрала низ што минува Меган (39). Кога видела дека еден корисник напишал дека Меган го напишала есејот од себични мотиви, моделот решил да ѝ помогне.

“Денешната награда за апсолутно гомно му припаѓа на Марко Џанангели. Честитки, гомно едно”, му напиша таа.

Таа подоцна ја избриша објавата.

„Извини, заборавив дека се обидувам да бидам подобра личност“, коментираше таа потоа.

Твитот на Џанангели, кој го разгневи гневот на Криси гласеше: „Дали некој навистина ги доведува во прашање болката и ужасот што ги предизвикува абортусот или луѓето ја критикуваат одлуката на Меган да напише есеј со 1000 зборови за себе?“

Во есеј, Меган детално го опиша утрото во јули кога „знаеше дека го губи своето второ дете“.

“Тоа беше јулско утро, кое започна како обично како и сите други. Правиш појадок. Ги храниш кучињата. Земаш витамини. Го бараш оној чорап што недостасува. Ја земаш боичката што се стркалала под масата. Ја врзуваш косата во опашка пред да го извлечеш синот од неговото креветче. Откако му ја сменив пелената, почувствував остра болка. Се спуштив на подот со него во рацете, потпевнувајќи приспивна песна за да не смири двајцата, веселата мелодија беше силен контраст со моето чувство дека нешто не е во ред. Знаев додека го држев првороденото дете, дека го изгубам второто“, опиша Меган.

“Неколку часа подоцна лежев во болнички кревет, држејќи ја раката на мојот сопруг. Почувствував како дланка му е влажна и му ги бакнав зглобовите, влажни од нашите солзи. Загледана во студените бели sидови, очите ми се залепија. “, пишува.

Таа додаде дека загубата на дете значи неподнослива тага што ја чувствуваат многумина, но малкумина зборуваат за тоа.