Критичарите мислат дека Кајли и Кендал Џенер изледаат „инцестно“ и морничаво на новите фотографии

22 јуни, 20200
The 2019 Met Gala Celebrating Camp: Notes on Fashion - Arrivals

Новата козметичка соработка на Кајли и Кендал Џенер беше претставена пред 2 дена и луѓето имаа што да кажат – но некои повеќе коментираа за пакувањата отколку на производот. Фотографиите кои биле искористени за пакувањето вклучувале фотографии од сестрите во преинтимна атмосфера што на многу луѓе не им се допаднало тоа и рекле дека тоа е чудно па дури и инцестно.

Долго очекувата соработка конечно беше претставена, откако Кендал ги заврши договорите со други козметички компании па конечно нивниот долгогодишен напор можеле да го претставан на фановите.

Кајли го презертирала производот на нејзиниот Инстаграм профил каде навела: „Соработката на KENDALL X KYLIE започннува на 26-ти јуни. За ова сонувавме веќе долго време и се надеваме дека ќе ви се допадне“.

„Оваа фото-сесија за пакувањето ја направивме ред 2-3 години? Година ипол најверојатно. Многу сум среќна што работам со сестра ми“, објаснила таа и додала „поради целата ситуација се одложуваше промоцијата но конечно може да ја видите и пробате и поради тоа сме среќни“.

Она што фановите ќе може да најдат во колекцијата, според Кајле е „имате сет сјај за усни кој го немам пробано претходно, 3 бронзери, хајлајнер и руменило, пудра и прекрасна палета на сенки за очи“.

За фановите сликите биле премногу морничави

Многу од фановите разговарале за колекцијата но вистинската дискусија започнала на Reddit во врска со фотографиите кои ги користеле сестрите за пакувањето.

View this post on Instagram

KENDALL X KYLIE 6.26

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

Еден од нив прашал: „Како човек кој е најдобар пријател со сестра ми НИКОГАШ НЕМА ДА МОЖАМ ДА ГИ РАЗБЕРАМ ИНЦЕСНИТЕ ФОТОГРАФИИ…ова е козметика… како овие фотографии треба да се поистоветат со оној што би ги купувал овие производи?“

Друг фан одоговорил: „Тоа е поради тоа што се се гледа низ машка призма“ додека друг се согласил „ ова. Ова ова . Или барем преку ссексуалната призма“.

„Сестрите пораснале во средина која посветувала многу внимание на сексуалноста и тоа дефинитивни имало влијание на нив“ искоментирал друг корисник. „ Тие се виновни за вакво морничаво позирање, но мислам дека тоа е поради Кајли. Таа е сокогаш таква со нејзините сетри, пријателки. Мислам дека премногу се труди да биде секси пред камерата , веќе не е ни нормална личност“.

Сексот се продава… па според тоа пакувањето е генијално

Други корисници на Reddit околу демографијата за кого е пораката на произвоводот и пакувањето, но на крај се дошло до заклучок дека „СЕКСОТ ПРОДАВА СÈ“. Друг корисник пак навел: „Мислам дека нивниот меркетинг е генијален. Тие немаат платено за една реклама во списание или на тв како повеќето козметички компании. Голем удел во маркетингот е да се наведат луќето да зборуваат за брендот, а сите го знаеме како настана брендот Џенер“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *