Критиките упатени кон Кајли Џенер влијаат лошо на Сторми и другите деца во нејзиното семејство

22 јуни, 20200
kajli i stormi

Додека милиони луѓе можеби се опседнати со Кајли Џенер и нејзините сестри, фановите на „Карџенер“ се чини дека уште повеќе се за заљубуваат во нејзината двегодишна ќерка Сторми Вебстер и другите деца во нејзиното семејство. Всушност, мултимилионерката и нејзините браќа и сестри станаа попопуларни откако се родија нивните деца. Но, некои критичари веќе изразуваат загриженост и сожалување за тоа како се третираат Сторми и нејзините братучеди.

Кендал е единствената личност во кланот која моментно е без детe. Најстарата сестра, Кортни Кардашијан, има три деца, Мејсон Дисик, Пенелопе Дисик и Реин Дисик. Следна на ред е Ким Кардашијан Вест, која води во бројките со четири деца, Север Вест, Сеинт Вест, Чикаго Вест, Псалм Вест. Во меѓувреме, Роб Кардашијан, Клои  Кардашијан и Кајли сите имаат по едно дете, Дрим Кардашијан, Тру Томпсон и Сторми, редоследно.

View this post on Instagram

THESE TWO 😍🤍

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

Неодамна, Сторми беше прикажана на насловната страница на магазинот Вог, заедно со нејзината мајка.

Таа ја сподели насловната слика и на нејзиниот Инстаграм профил.

Минатата година, Џенер неочекувано ја вклучи Сторми (која сè уште не бешенаполнила 2 години) во нејзината фотосесија  со нејзината мајка Крис Џенер, за Харпер Базар Арабија.

Додека обожавателите на Џенер се радуваа на тоа колку изгледаше слатко Сторми на фотографиите, критичарите не беа воодушевени од актот. Многу луѓе се чувствуваа непријатно со фактот дека Џенер дозволи нејзината ќерка да биде на насловните страници од малолетна возраст.

„Навистина неверојатно како ја криеше бременоста затоа што сакаше да ја заштити својата ќерка, а моментот кога се роди, таа веднаш започна да ја нуди на секој што би објавил фотографија од неа“, критичар искоментира за изборот на Џенер да ја вклучи нејзината ќерка во фотосесијата. Другите критичари ја искористија можноста да зборуваат за децата од Кардашијан-Џенер како целина, но и за начинот на кој тие се третираат и продаваат на пазарот.

“Критичарите сметаат дека децата на „KUWTK“ се третираат како модни додатоци”

„Овие бебиња се третираат како модни додатоци “, напиша едно лице. „Лошо е овие деца да се наоѓаат на социјалните мрежи, а сега дури и на насловните на списанијата. „Ниту еден концепт на приватност!“, извика уште едно лице. „ Смешно е што славните не им даваат можност на своите деца да да пораснат во релативно нормален свет. Го мразам тоа! “, напиша уште една личност, коментирајќи не само за Кардашијан – Џенер, туку и за многу познати личности како целина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi