Крст на лицето, па потоа „чист секс“ на сцената! Жежок настап на Џенифер Лопез во Лос Анџелес (ВИДЕО)

23 ноември, 2020
dzej-lo-maluma-830x0

Секси колегите Џеј Ло и Малума изведоа нови песни „Pa Ti“ и „Lonely“ на првиот јавен настап од почетокот на пандемијата на корона вирусот

Американската пејачка и латино дива Џенифер Лопез (51) синоќа настапи на „American Music Awards“ со нејзиниот 26-годишен колега Малума и ја „запали“ публиката со нејзиниот жежок танц.

Имено, Џеј Ло доминираше на сцената викендов, кога изведе секси изведба на АМА 2020 во проѕирен костум.

Оваа 51-годишна жена прва се појави на сцената, каде на лицето ѝ се појави крст, па најмногу на Twitter се шпекулираше што сака да каже латино дивата со тоа.

Потоа и се придружи Малума, со кого неодамна сними две нови песни „Pa Ti“ и „Lonely“, кои станаа хитови низ целиот Свет.

Џенифер изведе секси танц на маса, а потоа и на столче во секси црн костум со проsирни ногавици и ракави, што го потпишува брендот „LaQuan Smith“ и чини 524 фунти.

Нејзината коса беше стилизирана да изгледа влажно, додека на очите имаше црна „smokey eye“ шминка.

Колумбискиот пејач Малума носеше темносино одело со бели линии и црни кожни чизми, додека косата му беше обоена во сина боја, а многумина го споредуваат по убавина со латино заводникот Рики Мартин од помладите денови.

Погледнете го целиот настап на Џенифер Лопез и Малума на видеото подолу.

escort - Korsan taksi