Легендарната Мерилин Монро не беше русокоса само на главата,НО и таму доле!

Бател се сеќава на пријателството со Монро.
Актерката Мерилин Монро ја обели не само косата, туку и срамната коса! Тоа го откри нејзиниот долгогодишен пријател, фризер Кенет Бател, чија биографија „Кенет: Шир Елеганс“ беше објавена постхумно, пишува Дејли Меил.

Тој беше близок пријател со многу актерки и познати личности, од Џуди Гарланд и Одри Хепберн до Џеклин Кенеди Оназис. Во книгата што го опишува неговиот подем од работа на Хелена Рубинштајн до личен фризер на Кенеди во Белата куќа, тој се присети на пријателството со Мерилин Монро, што ја запознал во 1958 година.
Покрај косата, таа ја обели и срамната коса затоа што обично не носеше долна облека под фустанот, а сè можеше да се види под рефлекторите. Јас и го дадов рецептот – магнезиумско млеко во прав, 20 проценти пероксид и амонијак – се присетува фризерот.

Ова го потврди долгогодишната куќна помошничка на актерката Лена Пепитоне. Инаку, Бател почина во 2013 година на 87-годишна возраст.