Легендарниот јапонски дизајнер Кензо почина од корона вирус!

4 октомври, 2020

Кензо Такада беше првиот јапонски творец кој се наметна во Париз каде што изгради кариера и се прослави.

Во 1993 година, тој го продаде својот бренд на облека на групата LVMH (Луј Витон Моет Хенеси) и се повлече од модниот свет шест години подоцна.

Во своите креации тој комбинираше цветни и графички мотиви, а инспирацијата за текстилни мотиви ја наоѓа во фолклорот, калиграфијата и современото сликарство.

„Кензо Такада почина од последиците на Ковид-19 на 4 октомври 2020 година во болница во Нојли-сур-Сена“, рече неговиот портпарол во изјавата во неделата, додека трае Париската модна недела.

Кензо е роден на 27 февруари 1939 година во Химеја во близина на Осака. Тој пристигна во Франција во 1965 година со брод во Марсеј, од каде замина во Париз, што го фасцинираше и каде остана да живее. Својата прва колекција ја претстави во 1970 година.

Тој ја воведе првата линија за мажи во 1983 година, а неговиот прв парфем во 1988 година.

„Јапонскиот дизајнер никогаш не престана да ја слави модата и уметноста на живеење“, рече неговиот портпарол.

escort - Korsan taksi