Лејди Гага и Бред Пит на воз до Токио во новиот акционен трилер „Воз куршум“!

20 ноември, 2020
лејди

Пејачката го освои Оскарот за најдобра оригинална песна за филмот „Ѕвездата е родена“, како и номинацијата за најдобра актерка.

Оскаровката Лејди Гага му се придружи на Бред Пит за акциониот трилер „Bullet Train“ на Дејвид Лич, режисер на Deadpool 2, Atomic Blonde, John Vic …

Покрај нив, во филмот ќе учествуваат и Џои Кинг, Арон Тејлор Џонсон, Зази Битс, Брајан Тајри Хенри, Ендру Коџи, Маси Ока и Мајкл Шенон.

Приказната следи група убијци со спротивни мотиви во возот за Токио. Не е познато дали Гага ќе игра еден од убијците, но изворот забележува дека нејзината улога нема да биде главна.