Лекарите ја предвидоа нејзината смрт, но таа одлучи да биде посилна од болеста: Животната драма на Селма Блер!

23 јуни, 20200
selma

Судбината си поиграла со нејзиниот живот на најсуров начин. За само еден ден, целиот нејзин живот се сврте наопаку …

 Селма Блер е американска филмска и телевизиска актерка која стана позната по нејзините улоги во драмата во 1999 година „Сурови намери“ и комедијата од 2001 година „Легално Русокоса“.

Селма Блер е родена во близина на Детроит во Мичиген на 23 јуни 1972 година. Откако дипломирала англиски јазик и психологија од Универзитетот во Мичиген во 1995 година, се преселила во Њујорк и започнала да гради актерска кариера.

Моментот кој што го смени целиот нејзин живот

„Беше околу 10 часот, четврток, 16 август, лежев на креветот на МРИ (магнетна резонанца), а телото ми се тресеше неконтролирано. Изминативе пет години живеев со симптоми кои се јавуваа на кратко време па исчезнуваа, симптоми од типот болка во вратот, сериозна вртоглавица , проблеми со одењето и ненадејно губење на осет на нозете. Анксиозност и депресија. Не обрнав многу внимание на сето ова, а требаше “.

“Отидов на лекар тој ден на преглед и очекував да добијам лекови за болката и да си одам дома. Наместо тоа, следуваа часови на преглед и, конечно, дијагноза што ме остави во шок. Ми беше дијагностицирана мултиплекс склероза”.

Мултиплекс склероза е автоимуна болест која го напаѓа централниот нервен систем и ‘рбетниот мозок.

Храбрата американска актерка ја избричи главата и беше подложена на третман.

Во потрагата по лек, и била препорачана трансплантација на клетки, како и агресивна хемотерапија со цел да ги обнови своите матични клетки. Но, актерката била внимателна.

“Реков дека немам намера да го сторам тоа, затоа што не сакав да го уништам моето тело. Зошто би дозволила хемотерапија? Па, немам карцином”, рече храбрата актерка, која сепак прими  мала доза на хемотерапија пред да и бидат трансплантирани матични клетки.

Бидејќи таа веднаш се почувствувала подобро, докторите ја убедија да продолжи со терапијата во континуитет, но ризикот е голем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *