Леонардо Ди Каприо и Џенифер Лоренс премногу се зближија на снимањето на новиот филм: Нивните партнери не се воодушевени!

22 декември, 2020
jennifer-lawrence-leonardo-dicaprio-picture


Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс за прв пат работат заедно на филм, а како што пренесува entertaintimes.com, се случи искра меѓу актерот и актерката. Ди Каприо и Лоренс работат на филмот „Don’t Look Up“ и иако двајцата се темелни професионалци, таблоидите сметаат дека се зближиле како што напредува снимањето. Дуото, наводно, споделува одлична хемија, што е очигледно за сите набљудувачи. Постојат шпекулации дека Лоренс ќе го продуцира и филмот и дека ќе бидат двајцата во скоро сите сцени. Исто така беше објавено дека Џенифер Лоренс отсекогаш и се восхитувала на sвездата на „Титаник“ и била воодушевена кога дознала дека и е дадена можност да работи со него. Сепак, нејзиниот сопруг Кук Марони не ги дели истите чувства. Се смета дека тој може лесно да се вознемири ако ја види неговата жена како флертува на сетот, како што тоа го прави со Лео.

И иако сето ова може да биде само гласина поттикната од таблоидите, факт е дека Лео има тенденција да се поврзе со луѓе со кои работи . Така, Ди Каприо соработуваше со Бред Пит во минатото, по што тие станаа најдобри пријатели, а нивното „броманс“ или „машко зближување“ или „братска љубов“ предизвика серија интересни интервјуа и смешни фотографии.