Листа на познати личности коишто, поради дрога, ќе го изгубеле животот

14 јуни, 20200
demi-lovato-0

Пеколот којшто може да ве затекне, доколку станете зависник од дрога, е место од коешто ретко кој успеал да се спаси. Еве ја листата на славни личности, кои сепак имале среќа:

Во 2017та година, оваа позната пејачка и актерка се предозираше со хероин. Деми Ловато е пронајдена во својата луксузна вила и веднаш била пренесена во болница. Кратко пред тоа, Деми отворено призна за битката којашто ја води со одредени нарушувања во исхраната, но призна и дека води битка со алкохолот и дрогата. Неодамна ја објави песната “Sober” во којашто на еден емотивен начин зборува за сè низ што помина.

Една од најголемите рап – ѕвезди, Еминем, поради зависност од дрога, за малку ќе ја изгубеше кариерата. Во биографијата “Not Afraid: The ovolution of Eminem” од авторот Антониј Бози, овој музичар по првпат прозборе за својата зависност од апчиња против болка и опијатот Викодин, за кои вели дека ги земал и по 30 пати дневно. Исто така, Еминем призна дека бил оддалечен од смртта “само два часа”, но сепак докторите успеале да го спасат.

Денес е една од најпознатите светски пејачки, а некогаш беше бунтовничка без граници. Пинк открива дека со светот на дрогата се запознала кога имала само 13 години. На само 15 годишна возраст, за малку ќе го загубела животот. Денес конзумира, исклучиво, само вино.

View this post on Instagram

Morel mushroom treasure hunt…🍄

A post shared by Demi Moore (@demimoore) on

Оваа актерка во 2012та година добила напади, откако вдишила азотен оксид. Два месеци пред фаталното предозирање, Деми го фатила тогашниот сопруг, Ештон Кучер, во неверство, па се смета дека тоа е поводот за нејзиното предозирање. Потоа, Деми заедно со својата ќерка, пушела синтетичка марихуана, по што завршила во болница. Од тогаш навака, започнува нејзиното закрепнување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi