Љубовната приказна на Џеј Ло и Алекс: Тој ѝ побара автограм, се ракуваа пред нејзиниот сопруг, па ѝ се јави…

27 декември, 2020
tan2020-4-2251564040-830x0

Џеј Ло изјави дека би сакала да има дете заедно со Алекс

Убавата пејачка и славниот бејзбол играч не се вљубија на прв поглед, една покана за вечера промени сè, а денес не ги кријат своите емоции. Романтичната веридба се случи на Бахамите, а нивните планови за свечената венчавка ги наруши корона вирусот, поради што во моментов работат на проширување на семејството.

Љубовта на Џенифер Лопез и Алекс Родригез започна на необичен начин и иако искрите не се запалија веднаш, по неколку години познанство, судбината ги спои нивните патишта.

Во октомври 2005 година, Алекс за прв пат ја виде Џенифер Лопез, која го маѓепса на прв поглед. Имено, тој во тоа време беше на почетокот на неговата бејзбол кариера, а таа играше на еден од натпреварите. Тогаш Родригез ѝ побара автограм и тој ден започна нивната љубовна приказна.

Шест години по нивниот прв состанок, Џеј Ло присуствуваше на еден бејзбол натпревар на стадионот Шеа во Њу Јорк со нејзиниот тогашен сопруг Марк Ентони. Џенифер и Родригез се ракуваа, а пејачката го опиша моментот како „чудна струја што траеше три секунди“:

– Го погледнав директно во очи и нешто се случи. Не можам ни да го објаснам, но дефинитивно чувствував пеперутки во стомакот.

Сепак, сите продолжија по својот пат, Алекс беше исклучително популарен кај припадничките на спротивниот пол и во тој период ги полнеше колумните во весниците со врски со многу познати девојки, како Кејт Хадсон и Камерон Дијаз.

По бурните и турбилентни животи, нивните патишта уште еднаш се прекрстија. Во февруари 2017 година, Џенифер и Родригез повторно се сретнаа, овој пат во ресторан во Лос Анџелес. Нивните погледи се прекрстија, но секој од нив продолжи кон друштвото на својата трпеза.

– Минуваше покрај мојата маса, и почувствував потреба да го повикам. Иако не се познававме добро, јас тргнав по него и го потапшав по рамото. Така започна сè. Разменивме броеви, и тој таа вечер ми испрати порака: „Дали одиме на вечера?“

Јас одговорив: „Ок“.

Дека нивните енергии и чувства се совпаѓаат најдобро покажува фактот дека тие започнаа да се дружат во февруари 2017 година, а точно две години подоцна се верија.

После таа ноќ, ништо не можеше да ја спречи големата љубов што се роди меѓу нив.

Планираат заедничко дете

Иако се шпекулираше за тоа како латино-дивата размислува дали воопшто сака да стапне на лудиот камен, светските медиуми сега пишуваат дека следниот чекор на оваа двојка е бебе. Како што пишува таблоидот „Heat“, гулабите, сметајќи дека нивната венчавка е одложена, решија да го искористат тоа време најдобро што можат и да работат на принова.

– Тие ќе закажат нов датум кога работите ќе се смират малку – рече изворот и додаде дека, и покрај фактот дека нема да отидат толку побрзо до олтарот, тие се сигурни дека сакаат да го поминат остатокот од својот живот еден до друг.

– Децата се она за што разговараа кога ја започнаа врската – рече изворот и додаде дека сега е вистинското време за тоа.

Инаку, Џеј Ло минатата година во едно интервју изјави дека би сакала да има повеќе деца.

„Не знам што има во Божјиот план, но би сакал да пробам“, рече таа тогаш.

Да потсетиме, Џеј Ло зад себе има три неуспешни бракови, а од претходниот со Марк Ентони, има ќерка и син. Нејзиниот иден сопруг Алекс Родригез од бракот со Синтија Куртис има две деца.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris