Мадона денес наполни 62 години: Таа објави фотографии, изгледа како ДЕВОЈЧЕ во цветен фустан (ФОТО)

17 август, 20200
Annotation 2020-08-16 231521

Пејачката поубава од кога и да било!

Кралицата на поп музиката, Мадона, денес го слави 62-от роденден!

Родена е како Мадона Луиза Чикони во Мичиген, во Соединетите Американски Држави, а позната е по своите ексцентрични видеа и настапи. Таа има добиено бројни престижни награди и е сопственик на многу од најголемите хитови во светот.

Беше во брак двапати: со Шон Пен и Гај Ричи и има три деца, две биолошки и едно посвоено. Се смета за личност што го менува светот, се залага за еднаквост на сите луѓе, а нејзиното име е поврзано со бројни контроверзии.

По повод 62-от роденден, Мадона на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои позира во цветен фустан, со лепеза и мобилен телефон во рацете, околу вратот има разни ѓердани, а носи и патерица.

Под нејзиниот пост, многу обожаватели и пријатели и го честитаа роденденот, а пејачката и покрај нејзината возраст, сепак изгледа одлично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *