Мадона тврди дека имала коронавирус!

7 мај, 20200
мадона

Мадона мисли дека била заразена со коронавирус кон крајот на турнејата Madame X.

Пејачката и членовите на екипата биле болни по настапите во Париз во почетокот на оваа година.

На Инстаграм пост во кој таа помага да се соберат средства за развој на вакцина против вирусот, Мадона им кажала на фановите дека таа е позитивна на антитела, што значи дека го имала вирусот. Таа напишала:

“ Благодарна сум што можам да помогнам во истражувањето за пронаоѓање на лек за Ковид- 19! Во моментов не сум болна”.

Што се однесува на ситуацијата за време на турнејата во Франција, таа кажала дека сите мислеле дека имаат грип, но дека сите од нејзината екипа сега се добри.

Таа се тестирала минатата недела, а тестот се покажал негативен на вирусот. Тогаш таа изјави: “Дознав дека имам антитела, па утре ќе одам на долго возење со кола, ќе ги отворам прозорите и ќе го дишам воздухот со Ковид-19”

Сè уште не е докажано дали антителата создаваат траен имунитет против вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi