Мадона воодушеви со фотографија на која позира со шест деца, од кои четири ги посвои

2 декември, 2020
мадона

Американската пејачка Мадона (62) ги изненади обожавателите со новата семејна фотографија на која позира со шест деца и своето 36-годишно момче.

Имено, 62-годишната sвезда го прослави Денот на благодарноста со своето прекрасно семејство и објави фотографија на социјалните мрежи каде ги гушка своите две биолошки и четири посвоени деца.

Таа ги посвои Дејвид Банда, Мерси Џејмс и близначките Естер и Стела од Малави во Африка. На семејната фотографија позира и нејзиното момче Ахламалик Вилијамс, кому Мадона во еден момент му седна во скут, а обожавателите велат дека тоа не е навистина соодветно.

Мадона застана во центарот на фотографијата и изгледаше сензационално во црн фустан од свила, додека имаше розова коса.

Нејзината ќерка Лурдес го прегрна својот брат Дејвид и изгледаше интересно во здолниште со дезен на пеперутка и во црн врв што и го откриваше стомакот, а во последно време е многу популарна меѓу обожавателите на Мадона.

  • Видовме како растат сите деца, чувствуваме дека сме дел од ова семејство – напишаа фановите.
  • Многу сме среќни што го прославивте празникот со своите деца – додаде друг корисник на Твитер.
escort - Korsan taksi