Мајката на вдовицата на Коби Брајант тврди дека нејзината ќерка ја избркала од дома, таа и одговорила: ‘Лажеш!’

23 септември, 2020
коби наслов

Ќерката и сопругот ми починаа, и таа пушта солзи на телевизија поради автомобилот и куќата што не се дури ни на нејзиното име, вели Ванеса Брајант

Ванеса Брајант го загуби својот сопруг, НБА кошаркарот Коби Брајант, со пад на хеликоптерот во јануари годинава, а животот го загуби и нивната 13-годишна ќерка Џиана во несреќата што го шокираше целиот свет

Иако се чинеше дека на вдовицата најголемата поддршка и е од семејството во најтешките моменти од нејзиниот живот, интервјуто, кое деновиве нејзината мајка Софија Лејн го даде за Унивизион, откри болни и досега непознати детали од нивната врска.

– По трагедијата што нè снајде, Ванеса ми рече: ‘Сакам да ја напуштиш оваа куќа и да ми го вратиш автомобилот што си го користел досега – сакам да го сториш тоа сега!’ – рече Софија, а вознемирената Ванеса веднаш одговори на нејзината изјава.

View this post on Instagram

Mamba and Queen #vacai

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

– Забелешките на мајка ми длабоко ме повредија. Мојот сопруг и ќерка ми починаа неочекувано, а мајка ми сепак се осмели да се појави на телевизија и да зборува против мене, додека пролеваше солзи над автомобилот и куќата што не се ни на нејзино име.

Покрај тоа, таа намерно го отстрани целиот дијамантски накит и го испразни станот што и го дадов, дури и го отстрани целиот мебел од него за да му испрати на светот лажна слика дека наводно немала моја поддршка.

Сопругот и јас ја поддржувавме финансиски во последните 20 години, и сè уште го правам тоа на месечно ниво. Наспроти претходните обвинувања, морам да кажам дека мајка ми ниту физички ниту емоционално не ме поддржуваше ни мене ни моите ќерки откако починаа Коби и Џиана.

Сега гледам што и е најважно на мајка ми и тоа длабоко ме навредува. Можам само да се надевам дека ова јавно презентирање на невистини за нашата врска ќе престане – вели Ванеса во изјавата.

escort - Korsan taksi