Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс – развод вреден 350 милиони долари!

14 јули, 20200
ketrin

Кога за прв пат тие се запознаа, 75-годишниот актер, Мајкл Даглас, сè уште беше во брак. Тој се обиде да ја заведе убавата 20-годишна актерка Кетрин Зета Џонс со клише изјавата „Јас ќе бидам татко на твоите деца“, но на крајот така и беше. Сепак, се чини дека љубовта на прв поглед сепак има своја цена, а тоа е „тешката“ цена од развод од 350 милиони американски долари, пишува Gossip Cop.

 После две децении брак, ако се верува во приказните на нивниот долгогодишен семеен пријател, чие име не се споменува во странските медиуми, парот, наводно, се разведува, и треба да издвојат неверојатни 350 милиони долари за разводот. Ова не се вакви сомнежи, а пред неколку години тие имаа објавено дека се е во ред меѓу нив.

 Иако тие веќе имаа брачна криза поради пренатрупаниот распоред и неможноста да се посветат едни на други, и на крајот и престанаа да живеат заедно,а во 2013 година тие објавија дека се смириле. Тешко е да се процени дали ситуацијата сè уште е ваква или нешто е променето „на полошо“, но популарната двојка редовно испраќа јасна порака преку социјалните медиуми за заедништво и среќен брак.

Да ве потсетиме, Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс се во брак веќе 20 години, а значителната разлика во возраста е многу често на тапетите во медиумите. Двојката функционираше одлично, и нивната возраст не им претставуваше апсолутно никаков проблем, а на актерката и беше всушност многу смешно што сопругот е на иста возраст како нејзините родители. Единствената работа што ја мачи е гласините што честопати ја нарекуваат дека е спонзоруша. Двојката има две деца, 17-годишниот Карис Зета и 19-годишниот Дилан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi