Мајли Сајрус има онлајн с*кс за да не се зарази со Ковид: За неодговорните има остра критика!

7 декември, 2020
majli-sajrus-830x0

Пејачката призна дека имала виртуелен секс за време на пандемијата на корона вирусот

Американската пејачка Мајли Сајрус (28) во новото интервју во емисијата со Хауард Стерн изјави дека нејзиниот сексуален живот стана виртуелен за време на пандемијата Ковид-19.

Имено, пејачката, која летово раскина со музичарот Коди Симпсон, со месеци не се видела со никој во живо, но сепак имаше акција преку Интернет.

– Имам многу оналјн секс на Интернет на „FaceTime“ – тоа е најбезбедниот секс. Не сакам да добијам ковид – започна таа.

– Дефинитивно нема да направам ништо што може да биде неодговорно за мене или за другите луѓе. Тие се смешни луѓе кои не сакаат да преземат никакви мерки за да се спасат едни со други. Тоа е многу заебано – додаде пејачката.

28-годишничката додаде дека ова е многу интересно и предизвикувачко време за секаков вид забава или средба со луѓе. Откако таа и Симпсон раскинаа, изворот изјави дека поп-sвездата е слободна како птица и дека е многу среќна.

– Сакам луѓе, сакам кога сакам, имав врски со сите родови и отворена сум за сè. Во моментов, јас сум повеќе за некој п***с, но отворена сум на сè – заклучи таа.

Да потсетиме, пејачката минатата година се разведе од актерот Лиам Хемсворт (30), по само една година брак, а причината за разводот наводно била нејзиното изневерување со жени.

– Јас секогаш ќе го сакам Лиам, но имаше премногу конфликт – рече Мајли во истото шоу.

escort - Korsan taksi