Мајли Сајрус се почести со луксузна вила од скоро 5.000.000 долари во Лос Анџелес

23 август, 2020
kuca-majli-sajrus-5-830x0

Пејачката Мајли Сајрус купи луксузен имот во Лос Анџелес во вредност од скоро 5.000.000 долари.

Куќата е направена во традиционален стил, изградена е во 1957 година, а претходно му припаѓаше на братот на актерот Скот Баои.

Одлуката за купување на оваа куќа изненади многу блиски луѓе на Мајли, а покрај големото подрачје кое го зафаќа самата вила, има и огромна градина со многу зеленило и необичен базен.

Вилата беше реновирана само неколку месеци пред пејачката да одлучи да го купи, па така подот е целосно дрвен, а еден дел од кујнскиот бар е направен од стакло.

Вилата располага и со големо кино, неколку дневни соби и трпезарии, но и 6 спални соби и 4 купатила.

Да потсетиме, Мајли остана без својот дом во 2018 година, кога нејзината куќа изгоре во страшниот пожар што тогаш ја зафати Калифорнија.

Неодамна ја прекина својата љубовна врска со Коди Симпсон, па по раскинувањето  таа се почести со луксузен имот.

Погледнете како изгледа луксузниот имот на Мајли во галеријата подолу:

escort - Korsan taksi