Мајли сфати дека успеала во кариерата кога успеала да ја налути Шер

19 декември, 2020
majli-sajrus-830x0


Американската пејачка Мајли Сајрус (28) вели дека пејачката Шер и била лута во 2013 година и дека тогаш знаела дека навистина успеала во светот на шоу-бизнисот. Имено, поранешната Disney ѕвезда , која беше номинирана за Греми, вели дека моментот кога знаела дека навистина успеала во шоу-бизнисот е кога успеала да ја налути пејачката Шер пред 7 години. 74-годишната поп-икона тогаш зборуваше против 27-годишната пејачка кога таа настапи на церемонијата на доделување на музичките награди „MTV MMA“ и кога тверкуваше, се плазеше и се глупираше на настапот.

– Не знае да танцува, нејзиното тело изгледаше ужасно, песната не беше доволно добра и, девојче, не се плази цело време – рече тогаш Шер. По 7 години, Мајли се осврна на ситуацијата и рече:


Бројот на луѓе кои зборуваа за мене и за мојата музика беше голем, дури Шер ме плукаше на Твитер – рече таа. – Но, тогаш помислив „леле, навистина го направив тоа“. Бев во стилот „Шер се интересира што правам“. Беше лута што постојано се плазев и помислив „ја изнервирав Шер – успеав во бизнисот“ – рече младата пејачка која храбро ги издржа сите критики.

escort - Korsan taksi