Македонскиот филм „Дедо и внук“ награден на фестивал во Индија

2 декември, 2020
film

Играниот филм „Дедо и внук“, во режија на Илија Пиперкоски, освои награда на Интернационалниот филмски фестивал „Буда“ во Индија. Тој доби сертификат за извонреден игран филм.

Ова е четврта награда за дебитанскиот филм на Пиперкоски. Тој претходно доби две признанија за извонреден придонес во светот на филмот на 4TH Dimension Independent Film Festival и една од TIFF – Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови.

„Дедо и син“ е семејна емотивна драма, огледало на секојдневниот живот на едно македонско семејство. Во главните улоги настапуваат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.