Марина Абрамовиќ му оддаде почит на својот починат колега и поранешен љубовник, Улај!

3 мај, 20200
марина 1

Пионерет во уметнички перформанси, Улај, почина на 2 март годинава, од компликации предизвикани од лекувањето на лимфома.

Во тоа време Марина Абрамович, неговата долгогодишна соработничка и поранешна љубовница јавно му оддала сочувство на својот Инстаграм профил.

Но сега отишла подалеку, пишувајќи поемотивно за нивната врска.

Во текстот Абрамовиќ се потсетува на нивната прва средба која ја опишала како момент во кој и двајцата ја нашле својата половина.

“Нашата средба беше машка и женска енергија која се спојува и креира трет целосен елемент наречен “себство”.

Таа споделила и манифест наречен Art Vital во кој таа и Улај ги споделуваат искуствата додека патувале со своите перформанси низ Европа, живеејќи во автомобил заедно со нивното куче. Таа го нарекува овој период “еден од најсреќните во животот”.

Нивната врска заврши популарно, така што решија да се сретнат на половина пат на Кинескиот ѕид во 1988 година.

“Колку што бевме компатибилни, толку нашата врска беше екстремно убиствена. Сепак, некако успеавме да ја скротиме таа енергија и да ја насочиме кон нашите дела- дела на кои ќе бидам горда додека сум жива. Сè што денес остана е љубов и благодарност”, напишала Марина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi