Марк Хамил ја откри најголемата тајна на “Star Wars“

7 јуни, 2020
star-wars-830x0

Глумецот Марк Хамил, кој се прослави со улогата на Luke Skywalker, во филмскиот серијал Star Wаrs, ја откри можеби најголемата тајна, за која не знаеле ниту неговите колеги.

Всушност, станува збор за сцената од филмот кога Darth Vader ја изговара легендарната реплика: “Luke, I’am your father” (Лук, јас сум твојот татко). Се започнало со коментарот на еден од фановите на Star Wars кога напишал дека многу би сакал да види како реагирала целата екипа на сетот, кога првпат ја слушнале реченицата. Потоа следеше одговорот на Марк: – “Додека снимавме, репликата беше сосема поинаква и гласеше вака: “Не ја знаеш вистината, Оби Ван го уби твојот татко”. Само јас, режисерот Irvin Kershner и George Lucas знаевме дека репликата, подоцна, ќе биде сменета.”