Меган е една од најпосакуваните дами. Пред сопругот имала само две момчиња, а еве зошто се откажала од Холивуд

11 јули, 20200
sasasas


Меган Фокс некогаш важеше за една од најубавите и најперспективните актерки, но во еден момент реши да му го заврти грбот на Холивуд. Една од главните причини поради која се откажа од славата е нејзината желба да биде целосно посветена на семејството и мајчинството. Во професионалниот живот, таа е многу посветена на хуманитарната работа, присутна е во една емисија на телевизија, се занимава со дизајн, а само од време на време прифаќа мала улога на филм.

Денес Меган е во брак со нејзиниот 12-години постар колега Брајан Остин Грин, а тие се заедно уште од 2004 година. Фокс еднаш призна дека пред него имала само две момчиња, затоа што била израсната во строго и верско семејство. Нивната врска е многу бурна, а точката на вриење дојде во 2015 година кога парот објави дека се разведуваат поради непомирливите разлики. Меѓутоа, наместо развод, следуваше помирување, па дури и раѓање на нивниот трет син.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi