Меган и Хари останаа без покрив над главата во Велика Британија, а нивните работи беа изнесени од домот среде ноќ

22 ноември, 2020
profimedia-0547229370-830x0

Со нивното заминување од семејството и земјата, Фрогмор Колиџ ѝ припадна на братучетката на Хари, принцезата Евгенија

Меган Маркл (39) и принцот Хари (35) се откажаа од своите кралски титули и должности на почетокот на годината и решија да живеат подалеку од безбедноста, но и традиционалните модели на монархијата.

Британските медиуми објавија дека Меган и Хари официјално останале без своето живеалиште, кое некогаш им било идеален дом, во кој вложиле многу.

Со нивното заминување од семејството и земјата, Фрогмор Колиџ ѝ припадна на братучетката на Хари, принцезата Евгенија (30), која чека бебе со сопругот Џек Бруксбанк (34).

Според странските медиуми, сите работи на поранешните станари биле изнесени во глуво доба на ноќта, скоро тајно, а Меган и Хари биле испратени во Калифорнија.

Новите станари веќе се вселиле и повеќе не сакале да чекаат.

Фрогмор Колиџ на хартија останува британска резиденција на војводата од Сасекс, но шансите дека оние што до неодамна јавно се фалеа со титулата некогаш ќе се вратат на неа се скоро нула.

Нивниот дом сега е во САД, а тие ќе мора да останат на друга адреса кога ќе ја посетат Велика Британија.