Меган Маркл откри дека го изгубила своето бебе: „Додека му менував пелена на мојот син, почувствував силна болка во стомакот“

25 ноември, 2020
profimedia-0547229370-830x0

Болна исповед на позната актерка

Меган Маркл денес откри дека абортирала кога се преселила во САД. Војвотката од Сасекс изјави дека го изгубила своето второ дете откако почувствувала „остар грч“ во стомакот, додека во јули ја менувала пелената на својот син Арчи.

Во денешниот Њу Јорк Тајмс, Меган опиша дека се разболела дома во Лос Анџелес.

Како што вели, најтешко ѝ било да гледа како тагува принцот Хари додека таа самата „се распаѓаше“.

– Откако ја сменив пелената на Арчи, почувствував остар грч. Се спуштив на подот со него во рацете, пеејќи му приспивна песна за да не смири двајцата. Веселата мелодија беше целосен контраст со моето чувство дека нешто не е во ред – напиша таа.

Во колумната со наслов „Загуби што ги споделуваме“ таа напиша:

– Додека го држев своето прво дете, знаев дека го губам другото.

Меган напиша дека тоа се случило едно јулско утро, кое наликувало на кое било друго. Кога се разбуди и ги нахрани кучињата, ги среди алиштата и боичките на Арчи, а потоа ја врза косата во опашката. Почна да ја менува пелената на Арчи кога почувствува силна болка во стомакот.

– Неколку часа подоцна лежев во болнички кревет, држејќи ја раката на сопругот. Ја почувствував топлината на неговата дланка, а тој ја бакна мојата рака, која беше влажна од нашите солзи. Загледана во студените бели sидови, очите ми се заслепија. Се обидов да замислам како ќе се излечиме – заклучи таа.