Меган најде дечко! Доста и беше од маж и брак!(ФОТО)

18 мај, 20200
megan

Познато е дека актерката со години го „брка“ сопругот, а сега ситуацијата е различна!

Меган Фокс (34) била забележана како се “дружи” со раперот Машин Ган Кели (30), додека пак светските медиуми веднаш објавија дека нејзиниот брак со Брајан Остин Грин (46) е завршен!

Инаку двојката има два сина.Веќе некое време, и Меган и Брајан глумат во филмови и шетаат без венчален прстен на раката.

Неодамнешната порака на Инстаграм од Брајан Остин Грин дополнително ги поттикнува сомневањата дека нивниот брак завршил:

“Пеперутката на крајот ќе се умори да седи нацветот. Почнува да се чувствува истоштено. Постои голем прекрасен свет надвор кој треба  да се доживее и истражи”, напиша тој.

Сите се сомневаат дека тој со овие зборови и се обраќа на својата сопруга Меган.

Инаку,парот со текот на годините имал голем број на лоши периоди. Тие раскинаа неколку пати, па дури и ја прекинаа свршувачката. Тие еднаш поднеле барање за развод, но се премислиле и Меган родила уште едно дете.

За време на сите тие години, Меган беше таа што го „бркаше“ Брајан, но се чини дека таа се умори од сето тоа и дека сега реши да најде помладо момче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi