‘Меган не сака да биде со Хари’

3 август, 2020
Annotation 2020-08-02 223549

Принцот е на крајот со силите

Гласините за несогласувањата во бракот на војвотката и војводата од Сасекс, Меган Меркл и принцот Хари, кружат веќе некое време низ медиумите, а ако е за верување на последно напишаното на магазинот ОК, Меган е толку растроена што не сака да биде со сопругот ни за својот 39 роденден кој треба да го прослави за два дена на 4 август.

Meghan Markle

Како што дознава спомнатиот медиум од својот извор, заради изолацијата во која се наоѓаме заради пандемијата на корона вирусот а и заради фактите дека во последните месеци медиумите ја имаат на ‘посебен нишан’, војвотката не е расположена за славење. Со оглед на тоа дека не може да излезе и да се дружи, Меган е уште по напната, а луѓето околу неа- вклучувајќи го и принцот Хари, се потешко го поднесуваат тоа што мораат константно неуспешно да ја тешат и да ја тераат да се врати на старата нејзина верзија., објаснува неименуваниот извор кој додал и дека освен што не сака роденденот да го помине со пријателите таа не сака биде ни со сопругот.

Meghan Markle

Инаку, неодамна во странските медиуми проструи информација дека војвотката после повеќе од две години, сака да се разведе од британскиот принц. Тие тврдат дека, луѓето од блиското опкружување на поранешната глумица, се плашат дека Меган ,по раѓањето на второто дете, сакала да бара развод од сопругот со што тоа би останала во Америка со децата, а тој , според нивните зборови , тогаш би се вратил во Обединетото Кралство.