Мерлин Монро ја прослави, а животот на оваа легендарна музичарка воопшто не и бил лесен!

28 април, 20200
ела 5

Легендата на американската џез музика, Ела Фицџералд, позната и по прекарот “кралица на џезот” е родена на 25 април 1917 година. Во текот на својата богата кариера има соработувано со бројни музичари, а една од најпознатите соработки е онаа со Луис Армстронг. Животниот пат на легендарната музичарка воопшто не бил едноставен.

Таа уште од најрана возразт започнала да се занимава со музика, кога одела во црква, а во звуците на Армстронг и Кросби се заљубила од прво слушање. Нејзината мајка загинала во сообраќајка незгода кога Ела имала 15 години, па за неа се грижела тетка и. Постојат тврдења кои велат дека очуват ја злоставувал. Подоцна таа избегала од тој живот.

На сцена прв пат застанала на 17  годишна возраст. За пробивањето на музичката сцена заслужна била Мерлин Монро, која успеала да убеди сопственик на еден ноќен клуб да организира целовечерен концерт за Ела. Таа се здобила со светска слава и денес е запамтена како една од најдобрите џез пејачки на сите времиња. Се обидела и како актерка и има играно во неколку холивудски филмови.

Неколку бракови и проблеми со здравјето

Нејзиниот љубовен живот исто така бил интересен. Прв пат се омажила со дилерот Бени Корнегај во 1941 година, а бракот завршил по само една година. Втор пат се мажела во 1947 година за познатиот басист Реј Браун. Заедно посвоиле ќерка која на крајот ја одгледала вујната на Ела затоа што таа и Реј биле цело време на турнеи. Со Реј се развела во 1953 година.

Медиумите пишувале дека во 1957 година тајно се омажила со норвежанецот Тор Еинар Ларсен. Сепак, врската не траела долго, а ја прекинале откако тој бил осуден за кражба на пари од неговата поранешна свршеница.

Фицџералд била голема активистка, а помагала и на голем број организации.

Заради компликациите од дијабетесот, таа имала големи здравствени проблеми кон крајот на животот. Всушност, поради дијабетесот докторите морале да и ги ампутираат и двете нозе од колена надолу. Починала од мозочен удар во својот дом на 15 јуни 1996 година. Погребана е во Лос Анџелес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *