“Ми недостасуваат тие времиња”: Ван Дам објави нова фотографија со Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг

9 мај, 20200
dragna

Познатиот актер Жан-Клод Ван Дам е во одлични односи со пејачката Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ.

За време на престојот во изолација, за време на оваа пандемија на корона вирус, холивудската суперeѕвезда се сети на српската музичка ѕвезда и нејзиниот сопруг, објавувајќи фотографија од сите нив.

– Ми недостасуваат овие среќни времиња со семејството и пријателите пред карантинот заради корона вирусот. Се надевам дека сите ќе бидеме во ред наскоро – напиша Жан-Клод и објави фотографија од неговиот син Ник Ван Дам и ќерката Бјанка.

Драгана Мирковиќ се воодушеви кога ја виде оваа фотографија на профилот на Ван Дам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *