„Ми недостигаш“: Тамара Тодевска не го заборава својот најдобар другар Влатко Илиевски
1 декември, 2020
Македонија изгуби многу, македонската естрадна сцена изгуби многу, но најмногу изгубија луѓето од чие секојдневие тој беше дел, а една од нив дефинитивно е Тамара Тодевска.
Никој не го заборава прекрасниот синоок Влатко Илиевски, музичарот кој за жал прерано го изгубивме, а една од личностите кои чувствува најголема празнина по неговото заминување е Тамара Тодевска.
Тој беше нејзин најдобар пријател, кој обожаваше да минува време и со нејзината ќеркичка Хана.
Тамара објави фотографија од Влатко и Хана и напиша: „Посакувам да беше тука… Ми недостигаш“.
Минаа повеќе од 2 години од смртта на рокерот со нежна душа, но како да беше вчера. Влатко почина на 6-ти јули 2018-та, на само 33-годишна возраст.