Microsoft замени новинари со роботи

1 јуни, 20200
The-Talos-Principle

Компанијата Microsoft одлучила наместо 10-тина хонорарни новинари кои работат на сајтот на МЅN, во иднина да користат автоматизирани системи за селекција на вести.

За изборот на наслови, вести и фотoграфии кои се објавуваат на сајтот во моментов се задолжени новинари, а околу 50 од нив ќе останат без работа до крајот на јуни, наведува британскиот BBС.

Неименуван извор за Сиетл Тајмс навел дека за овие задачите во иднина ќе се користи вештачка интелигенција.

„Деморализирачки е да се размислува дека машините може да не заменат, но тоа е што е“ изјавил за Сиетл Тајмс еден од хонорарците на сајтот MSN.

Oд Microsoft е наведено дека одлуката е донесена по евалуација на работењето.

„Како и сите компании така и ние редовно вршиме проценка на нашето работење. Тоа може да резултира со зголемено инвестирање на некои места и повремено со преместување на вработените на други работни позиции. Овие одлуки не се резултат на моменталната пандемија“ – соопштиле од Microsoft.

Компанијата им плаќа на медиумските куќи да ги користат нивните содржини на сајтот но вработува новинари кои одлучуваат кои текстови ќе се пренесуваат и после ги едитираат. Некои од отпуштените новинари предупредиле дека вештачката интелигенција можеби нема во целост да биде запознаена со стрикната уредничка политика и како резултат на тоа да биде објавување на несоодветни текстови.

Microsoft е една од бројните технолошки компании која експериментира со таканареченото робот – новинарство поради намалување на трошоците. Истото го прави и Google.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *