Миленикот на многу славни убавици има импресивен список на поранешни девојки, а сите сѐ уште го сакаат!

Американскиот музичар Лени Кравиц (56) се забавуваше со многу славни дами во својот живот и по раскинувањето остана во добри односи со сите, што позитивно изненади многу обожаватели.
Ванеса Паради, Лиза Боун, Никол Кидман и Наоми Кембел се само некои од славните убавици кои сакаа еден од најпосакуваните ергени во светот.
Она што е уште поинтересно од списокот на жени со кои бил е врската со поранешните девојки и нивните нови партнери. Имено, сите поранешни сопруги сè уште го сакаат, а ги сака и тој, па се дружи со нивните нови избраници.
– Среќен роденден на единствената – напиша Лени на социјалните мрежи покрај фотографијата на која ја прегрнува својата поранешна девојка Венеса Пардис, која неделава наполни 48 години. Двајцата се забавуваа од 1992 до 1997 година, а и денес се добри пријатели.

Сепак, најчудната работа е неговата врска со актерката Лиза Бонет, со која беше во брак од 1987 до 1993 година и со која ја има ќерката Зои Кравиц. Неодамна, Лени докажа колку е добра неговата врска со поранешната сопруга и нејзиниот нов сопруг Џејсон Мамоа, кога објави заедничка фотографија на која се прегрнуваат Лиза, Џејсон, неговата ќерка Зои Кравиц (31) а таа фотографија стана вирална и се прошета низ светот.
Во 2003 година Кравиц се забавуваше и со Никол Кидман и не крие дека сè уште го сака многу. Тој наводно и помогнал да го преболи разводот со Том Круз, а во една прилика Лени рече: „Таа ќе биде во мојот живот засекогаш“.
Манекенката Адријана Лима, како и пејачката Мадона, наводно се наоѓаат на оваа листа, но никој од нив не го потврди или негираше тоа.