МИЛЕНИКОТ НА ЖЕНИТЕ ГО ОБЈАВИ НАЈСЛАТКОТО ВИДЕО ДО СЕГА! Кој е подготвен за Божиќ? (ВИДЕО)

15 ноември, 2020
Screenshot_8

Дуото составено од Дејвид Бекам и неговата ќерка Харпер Севен од раѓањето на девојчето ги топи срцата низ целиот Свет. Без разлика дали се на официјален настан, на одмор или во опуштено семејно друштво, Дејвид и Харпер се најслаткото дуо досега.

Овој пат, тие се обидоа да печат новогодишни колачиња. Всушност, при украсувањето на нив. Како помина, објави Бекам на својот Instagram профил.

На видеото, Бекам ја прашува Харпер кој ќе украси прв, тој или таа. Секако, таа се избра самата, но наскоро ѝ требаше помош од татко ѝ, додека мајката Викторија го снима сето тоа. На крајот, на девојчето му пука колачето во форма на божиќно топче, па таткото Бекам го зема и се фрла во украсување на колачињата по желба на миленилката.

„Почнува да заличува на Божиќен готвач“, напиша Бекам.

Патем, ова не е прва кулинарска авантура на Дејвид и Харпер Севен. Неодамна направија и мафини.

escort - Korsan taksi