МИЛЕНИКОТ НА ЖЕНИТЕ СТАНА ТАТКО! Го откри името на своето мало девојче

1 септември, 2020
*EXCLUSIVE* Superstar Musician Ed Sheeran watches his beloved Ipswich Town with One OK Rock band stars Takahiro Moriuch and Toru Yamashita

Светски познатиот пејач, Ед Ширан, стана татко за прв пат, а тоа го објави и на својот Инстаграм профил.

„Сакам да споделам вести од мојот приватен живот со вас. Минатата недела, со помош на неверојатен тим, Чери ја роди нашата прекрасна и здрава ќерка – Лира Антарктик Сиборн Ширан. Целосно сме маѓепсани од тоа.
Маjката и бебето се одлични, а сите заедно сме на облаци од среќа. Се надеваме дека ќе ја почитувате нашата приватност во овие времиња. Со љубов, се гледаме кога ќе биде време да се вратам, Ед “, напиша тој.

Ед Ширан се ожени со Чери Сиборн кон крајот на 2018 година, а бракот сега беше крунисан со малата Лира Антарктик.

На Бадник 2019, Ширан објави дека прави пауза од неговата музичка кариера.

„Се гледаме кога ќе доживеам сè што можам да напишам“, напиша тогаш.